Две и пол минути до апокалипса: Која земја има најмногу атомски бомби и кое место е најбезбедно

Точка

20/03/2017

19:23

7653

Големина на фонт

а а а

Стрелката на таканаречениот „Часовник на апокалипсата“ е поместена за 30 секунди нанапред поради се полошата безбедносна ситуација во светот и реториката на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Часовникот на апокалипсата“ беше изработен од научниците во 1947-ма година, и досега времето на часовникот е поместувано 19 пати. Сега е поместен на две и пол минути до полноќ, а доколку тој часовник симболично би покажал точно полноќ, тогаш ќе биде означена атомската катастрофа на Земјата.


Инаку, стрелките на „Часовникот на апокалипсата“ денес се најблиску до полноќ уште од 1953-та година кога Соединетите Американски Држави и поранешниот Советски Сојуз започнаа да ги изведуваат првите тестови на хидрогенски бомби.

Научниците сметаат дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за климатските промени, јакнењето на нуклеарниот арсенал и преиспитувањето на разузнавачките служби во САД, резултирале со зголемување на глобалниот ризик од нуклеарна војна.


Исто така, научниците потсетуваат дека Соединетите Американски Држави и Русија поседуваат повеќе од 90% од сите нуклеарни боеви глави на светот. Покрај тоа, дадени се препораки за човештвото како да ја преживее катаклизмата доколку навистина дојде до голема нуклеарна војна.

Најбезбедното место на светот е јужно од Екваторот

Нивната препорака во суштина е многу едноставна. Со оглед на тоа што сета нуклеарна сила се наоѓа на северната хемисфера, логичен е советот на научниците, дека најбезбедните места на светот ќе бидат јужно од Екваторот.

Се претпоставува дека нападот прва би го извела некоја земја која што поседува нуклеарно оружје, а првите нуклеарни бомби би паднале во некоја земја која што исто така ќе поседува ист вид на вооружување.

На мапата подолу може да се види дека најбезбедни места за „преживување“ на земјата се земјите од јужната хемисфера, но сепак, како најидеални земји се споменуваат Австралија, Нов Зеланд, Јужноафриканската Република и Аргентина, пред се поради слободната земја за развивање на земјоделието и поради тоа што шансите се минимални за нуклеарен напад на тие земји.



Спонозорирани линкови

Маркетинг