Ердоган нема намера да попушти: Тие да немаат срам, повторно би ги вовеле гасните комори

Точка

20/03/2017

16:07

1.530

Големина на фонт

а а а

Иако официјален Берлин реагираше, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не престанува со нападите на западна Европа, споредувајќи ги тамошните власти со нацистите.

Претседателот на Турција, во неговото последно интервју повторно ја шокираше западна Европа, истакнувајќи дека Европејците „повторно би ги вовеле гасните комори, доколку не биле засрамени од тоа“. Понатаму, тој уште еднаш ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел дека практикува нацистички методи.


Овие навредливи пораки Реџеп Таип Ердоган ги испрати за време на уште еден голем политички собир во Истанбул.

На собирите, турскиот претседател се обидува да го убеди турскиот народ да заокружи „Да“ на предстојниот референдум за уставни измени, според кој, доколку мнозинството на граѓани се изјаснат позитивно, тогаш Ердоган би добил далеку поголеми овластувања.


Аналитичарите сметаат дека турскиот претседател заклучил дека ваквата остра реторика во пресрет на референдумот добро минува кај домашниот народ, па затоа тој секојдневно ја заострува реториката за која што многумина ќе се сложат дека е крајно дегутантна.

„Кога ќе ги наречеме нацисти, тогаш им е непријатно и сите се собираат заедно во знак на солидарност. Посебно Меркел. Ангела Меркел јавно ја поддржува Холандија. И таа практикув нацизам. Кон кого? Кон моите турски сестри и браќа кои што живеат во Германија“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Како што пренесува новинската агенција "AFP" во пораките кои што ги упатувал, турскиот претседател кон германската канцеларка се обраќал со „ти“, а не со „вие“.


Односите помеѓу Турција и западните земји, посебно Холандија и Германија се заострија откако холандските и германските власти забранија одржување на собири во нивните земји, на кои што турските министри зборуваа за референдумот и ја бараа поддршката од Турците за проширување на овластувањата на Ердоган.

Холанѓаните дури и му забранија на турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу да слета во Холандија, а поради тензичните односи, данскиот премиер му порача на турскиот колега да ја одложи посетата на Копенхаген.


Спонозорирани линкови

Маркетинг