Нападнат најголемиот противник на Путин: Навални со зелено лице отвора штабови по Русија

Точка

20/03/2017

19:00

2.354

Големина на фонт

а а а

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, во сибирскиот град Барнаул бил полиен со зелена течност од непознат маж.


Навални денес на Твитер напишал: "Ќе отворам штаб во Бернаул како да сум од филмот "Маска"! Супер! Дури и забите ми се зелени".


Зелената течност, антисептик кој често се користи во Русија и со денови останува на кожата, наводно била фрлена во лицето на Навални додека приоѓал да се ракува со еден човек.




Навални така со зелено лице и раце одржал митинг со своите приврзаници.




Навални моментално патува по Русија, отвора свои штабови и води кампања за претседателските избори во 2018-тата година. Правосилната пресуда за измама според законот го спречува Навални да се кандидира, но неговите приврзаници тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг