Голема офанзива на сириската престолнина: Милитантите и сириската војска водат жестоки борби

Точка

20/03/2017

17:00

1270

Големина на фонт

а а а

Милитантите извеле голема офанзива на сирискот главен град Дамаск и пристигнале на само два километри од ѕидините на Стариот град - силите на Асад одговориле со бомбардирање и распоредување на тенкови.

Како што пренесуваат сириските државни медиуми, милитантите во текот на вчерашниот ден започнале голема офанзива на просторот на сирискиот главен град Дамаск, поточно во квартовите Џобар и Абасијин.


Владините сили веднаш возвратиле со интензивно бомбардирање на територијата која што се наоѓа под контрола на милитантите, но и покрај тоа, офанзивата на милитантите не била попречена и тие според последните информации, пристигнале на само два километри од ѕидините на Стариот град.


Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, во офанзивата заедно учествувале силите на Сириската слободна војска (ФСА) и некои џихадистички групи, а повеќе детали ќе бидат објавени во следните денови.

Сириските државни медиуми пренесуваат дека сириската армија успеала да го одбие големиот напад на милитантите.

Според информации од терен, сведоци раскажувале дека силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад започнале да распоредуваат тенкови во околните градски квартови во случај милитантите да го издржат бомбардирањето и да успеат да се пробијат подлабоко во градот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг