Украинскиот претседател призна: Го загубивме Донбас

Точка

20/03/2017

15:33

1.724

Големина на фонт

а а а

Киев ја загуби последната сфера на влијание на територијата на Донбас која што не се наоѓа под негова контрола за време на блокадата на регионот, изјави украинскиот претседател.

„За време на блокадата, Украина ја загуби и последната сфера на влијание на оваа територија“, призна украинскиот претседател Петро Порошенко.

„Организаторите на блокадата ги лажеа сите, затоа што тоа не беше блокада на одредени региони во Доњецката и Луганската област - за каква блокада станува збор кога постојат дупки на стотина километри на границата со Русија? Во суштина, тоа беше специјална операција насочена кон тоа да се поместат окупираните региони од украински Донбас кон Русија“, порача тој.


Според зборовите на украинскиот претседател „последица на блокадата едно, а тоа е тоа што Украина го загубила влијанието врз сопствената територија“.

„Истовремено беше нанесен голем удар на домашната енергетика, металургија и буџетот“, порача претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Тој даде свој коментар и за одлуката на Меѓународниот монетарен фонд во врска со одложувањето на прашањето за издвојување на идниот кредит за Киев. Според зборовите на украинскиот претседател, за тоа се виновни екстремистите кои што вршеа блокада на регионот Донбас.


Како што вели украинскиот претседател, кредитот на Меѓународниот монетарен фонд кој што треба да го обие Украина е „критично важен за пополнување на резервите на земјата“.

Инаку, претходно беше соопштено дека советот на директори на Меѓународниот монетарен фонд го одложи разгледувањето на антикризната програма за Украина на неодредено време.


Спонозорирани линкови

Маркетинг