Бебе нилско коњче е најновото вирално видео по кое лудува светот: Дали трендот им помага на животните?

Точка

20/03/2017

14:59

2.648

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку недели светот се вклучи во животите на Фиона, нилскиот коњ и жирафата Април.


Малото нилско коњче е сликано во водите во својата родна Западна Африка. Исто така уште едно pygmy бебенце - нилско коњче се роди во Сиднеј во Taronga Zoo па откако виралното видео го обиколи светот, зоолошката планира да започне акција за именување на бебето.


Пигмејските нилски коњи се загрозен вид со само 2.000 до 3.000 останати во дивината во Западна Африка. Друго бебе, нилското коњче Фиона, ги освои срцата на светот во последните неколку недели откако беше родена предвреме, па ветеринарите се грижеа деноноќно за нејзиното здравје. Видеото од Фиона беше споделувано милиони пати.



Виралното видео покренува свесност за постоењето на одредени видови на животни, а зоолошките градини ги користат придобивките од туристите кои трчаат да ги видат.

Animal Adventure Park од Њујорк доби пофалби и критики од целиот свет за нивното live streeming видео од Април, бремената жирафа. Сопственикот си го бранеше својот парк од поплавата на добронамерни критики кои се запрашуваа за состојбата на нејзината слама, хранењето, отвореното куќиште и останати поединости.



Една поплака од гневен фан на животни придонесе Јутјуб на кратко да го тргнат видеото од бремената Април бидејќи тој се жалел на "голотија и сексуална содржина" на жирафата. Фанот најверојатно тврдел дека преносот во живо од жирафа која треба да се породи е вулгарно и експлататорско.

Од една страна, зоолошките градини можат да имаат корист од овие видео реклами, спонзорства и донации од јавноста како резултат од вниманието кон животните. Од друга страна, не постои гаранција дека парите ќе одат директно за нега на животните или напредување на видовите.

Жирафата Април има спонзорирана страница која заработила дури 70.000 долари. Страницата GoFundMe на паркот изјави дека средствата ќе се искористат за нега и заштита на животните.

Страницата за донации на Нилскиот коњ Фиона вели дека собраните средства одат кон трошоците на ветеринари..

Постојат и лоши страни на чување на животните во заробеништво. Во едно вирално видео од минатата година, харамбе горилата беше смртно застрелан од обезбедувањето на зоолошката откако мало дете падна во неговото живеалиште. И на дневна основа на дивите животни во заробеништво им недостасува некоја стимулација кои инаку би ја добиле во дивината.

Хуманото општество соопшти едноставно: "Доколку зоолошките не се во состојба да им обезбедат на животните соодветна нега, тие едноставно не треба да ги имаат тие животни во своите кафези."


Спонзорирани линкови

Маркетинг