Меркел поради Трамп читала "Playboy": Канцеларката детално го анализирала претседателот на САД

Точка

20/03/2017

14:55

684

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел читала интервју на Доналд Трамп за "Playboy", пред нејзиниот прв официјален состанок со американскиот претседател, изјавил еден германски службеник.


Првиот состанок лице во лице помеѓу двајцата лидери бил одржан во Белата куќа минатата седмица, а требало да ги потврди односите на САД и Германија во НАТО.


Целиот настан го одбележал еден помал инцидент кога Доналд Трамп не ѝ подал рака на Меркел во овалната соба во Белата куќа, иако портпаролот на американскиот претседател рекол дека од фотографите не ја слушнал својата германска колешка.


Германски службеник за Reuters пред посетата на Меркел изјавил дека таа интензивно се подготвувала за состанокот со Трамп. Канцеларката гледала говори и студирала интервјуа на Трамп, вклучувајќи и едно од 1990-тата година за списанието "Playboy". Во тоа интервју Трамп изнел низа идеи кои моментално се обидува да ги спроведе.


Тимот на Меркел исто така ја анализирал и интеракцијата на Трамп со другите лидери како што се Тереза Меј, премиерот на Јапонија Шинзо Абе и канадскиот премиер Џастин Трудо.


"Мора да бидеме подготвени на фактот дека тој сака долго да слуша, дека преферира јасни ставови и не сака да се впушта во детали", изјавил висок германски службеник за агенцијата минатата седмица.


Спонозорирани линкови

Маркетинг