Амбициозен план: Наскоро би можел да стане побогат и од Бил Гејтс

Точка

20/03/2017

15:00

2955

Големина на фонт

а а а

Вложувањата на Марк Цукерберг во технологиите за виртуелна реалност и вештачката интелигенција, би можеле да му донесат големи приходи на Фејсбук, а со тоа богатството на шефот на најголемата социјална мрежа на светот драстично ќе се зголеми.

На почетокот на минатата година, основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Цукерберг ја објави визијата за идната деценија на Фејсбук и најави дека ќе бидат вложени големи средства во вештачката интелигенција, виртуелната реалност, глобалнта поврзаност, како и платформите за „чет“ како што се Messenger и WhatsApp.


Цукерберг верува дека вештачката интелигенција и технологијата за виртуелна реалност се иднината и многу ќе се исплатат, а според последниот извештај на аналитичарите на "UBS", визијата и вложувањата на првиот човек на Фејсбук навистина би можеле да се остварат и да станат и тоа како важен дел од идните приходи на Фејсбук.


Еден од идните начини на кои што Фејсбук би можел да ја зголеми заработката е искористувањето на "Oculus" - односно, според "UBS", Цукерберг ќе им наплаќа на програмерите за развој на софтвер за оваа платформа, модел кој што веќе го применуваат Sony, Microsoft и Nintendo на своите конзоли за играње.

Покрај наведеното, важно е да се напомене дека Фејсбук и Инстаграм и натаму пронаоѓаат нови начини на кои што на корисниците ќе им прикажуваат разни огласи, а тоа секако се одразува и на зголемувањето на приходите на компанијата на Цукерберг.


На крилјата на растот на приходите, односно вредноста на компанијата и цената на акциите, и натаму вртоглаво ќе расте богатството на Марк Цукерберг. Тој иако е во своите рани 30-ти години, веќе има богатство од речиси 60 милијарди долари и според аналитичарите, на добар пат е во следните неколку години да го престигне Бил Гејтс и да стане најбогат човек на светот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг