Delo: Словенечката армија е во лоша состојба

Макфакс

20/03/2017

14:43

483

Големина на фонт

а а а

Словенечките граѓани сметаат дека состојбата во нејзината армија е многу лоша, но исто така, тие се против големи суми, кои треба да се потрошат за развој на одбраната, пренесуваат словенечките медиуми.

„Словенечката армија е во лоша состојба“, покажуваат резулатите од анкетата спроведена од љубљанско Delo објавена во понеделникот. Во неа уште се посочува дека средствата во износ од 1, 2 милијарди евра колку што земјата треба да ги инвестира во текот на следните осум години за развој на одбраната се преценети.

Дури 67 отсто од испитаниците оцениле дека војската е во лоша состојба, а само три отсто се задоволни од ситуацијата.

Од друга страна, 60 отсто од нив изјавиле дека ја ценат улогата на армијата и дека воената кариера треба многу подобро се стимулира. Словенците, според сондажата, се противат на големите инвестиции во вооружените сили.

Министерството за одбрана, минатата недела ја најави стратешката равојна цел на армијата. Поради зголемениот ризик за безбедноста во Европа и во светот и барањата на НАТО да формира две баталјона до 2025 година, Словенија мора да вложи во вооружените сили над 1,2 милијарди евра.


Спонозорирани линкови

Маркетинг