Голема анализа на угледниот "Independent": "Сè поизгледно е - доаѓа Третата светска војна: Има 3 клучни, најопасни боишта"

Точка

20/03/2017

14:51

5.043

Големина на фонт

а а а

И самата помисла на глобален судир, нова светска војна, делува малку неверојатно. Но, таквиот развој на настаните е многу возможен.


Уште од крајот на Втората светска војна немало вооружен судир помеѓу големи сили. Оригиналниот повоен европски проект е темелен на мир, социјална правда и хармонија. Пропаѓањето на тој поредок, проследено со растот на национализмот, веројатно ја зголемува опасноста од војна на континентот со долга историја на крвави судири, анализира Independent.

Во 20-от век светските војни се случиле неочекувано. А во текот на Студента војна, концептот за трета светска војна бил неодвоиво поврзан со нуклеарна војна, а подоцна и со доктрината за сигурно двострано уништување, пишува The Independent.

Но, можно е идниот судир помеѓу големи сили да преземе облик на уште една Студена војна, или дури и конвенционална "жешка" војна.

Во 21-от век постојат три клучни бојни полиња кои се можни места за избивање на идниот глобален судир. Првото е европско-руското боиште со нова студена војна, што би го предизвикало судирот во Украина. Второто е блискоисточниот казан, каде главна улога би имале ИСИС и војната во Сирија. Третиот е азиско-тихоокеанското боиште, со можен судир на Кина и САД.

Втора студена војна

Списанието Time, студеновоениот портпарол на американскиот естаблишмент, пишувало за почеток на втора Студена војна во 2014-тата година, по рускиот одговор на кризата во Украина. Исто така го критикувале рускиот претседател и за воената агресија во Грузија во 2008-та година, очигледно без да ги забележат идентичните кршења на меѓународното право од страна на САД, како агресијата на Ирак, како и фактот дека на украинската криза и претходеле две децении ширење на НАТО на исток, и покрај цврстите ветувања дека до тоа нема да дојде. Според тоа, настаните во Украина се само крај на цел процес.

Think-tank European Lidership Network во 2015-тата година објавил извештај за тоа дали може руските вежби со 80.000 припадници на вооружените сили, и воените игри на НАТО со 15.000 учесници да доведат до војна.

"Двете вежби покажаа дека секоја страна треба да тренира така што ќе гледа кои се способностите на спротивната страна, и најверојатно на ум се имаат воени планови...Иако портпаролите инсистираат дека овие операции се вршат против хипотетски противници, природата и големината укажуваат на спротивното. Русија се подготвува за судир со НАТО, додека НАТО се подготвува за можна конфронтација со Русија".

Неодамна САД во Полска пратиле војници колку што не разместиле во Европа уште од Студената војна. А најавиле и праќање на трупи во други источноевропски држави, Естонија, Бугарија и Романија. Русија, од друга страна, уште на есен поставила проектили кои можат да носат нуклеарна боева глава во Калињинград.

Не се знае дали Трамп ќе ја смири ситуацијата со Русија, но од двете страни постојат тврдолинијаши кои сакаат дополнително да ги зголемат тензиите.


Блискоисточна геополитика

Веднаш по 11-ти септември постоеле само неколку стотини исламски борци во планините Хиндикуш. По 16 години, по војната против тероризмот која чинела околу 4000 милијарди долари и која според тврдењата на Лекарите за социјална одговорност резултирала со 1,3 милиони мртви, бројот на терористи и изнесува околу 100.000. Војната против тероризмот се покажала како целосно промашување. Како се случи тоа?

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк, открил дека по 11-ти септември Пентагон направил планови за напад на 7 држави. Тие планови биле извршени со неверојатно мешање на Западот во Ирак, Сирија, Либија, Авганистан, Пакистан, Сомалија и Јемен. Официјалната причина можеби била тероризам, но намерата била контрола на економската и воената надмоќ во регионот.

Бројни критичари рекле дека војната во Ирак всушност се случила поради отворање на државни средства со глобален капитал. Само реконструкцијата на Ирак на американската економија ѝ донела 100 милијарди долари: Во меѓувреме, Ирак бил претворен од секуларна диктатура.

Сојузниците на западот, Саудиска Арабија и Катар, во меѓувреме почнале да ги финансираат џихадистите. САД за тоа знаеле, но очигледно кога водите таква политика целта ги оправдува средствата. Така британските и американските разузнавачки служби воспоставиле линија за вооружување на терористите, од Либија до Сирија.

Терористичките напади во Европа ја демонстрирале тешкотијата во спречувањето на прелевањето на последиците од ваквата политика. Уште во 90-тите, политикологот Самуел Хантингтон понудил некои страшни предвидувања за судирот на цивилизациите. Дури и по 11-ти септември, тие теории делувале нереално. Но, сега изгледаат сосема реални. Целта на ИСИС е да ја уништи мултикултуралната зона, каде муслимани и немуслимани можат да живеат заедно, и да ги принуди сите муслимани да живеат во калифатот. Иронично, токму политиката на САД најмногу помага во оваа цел на ИСИС.


Тихоокеанска Азија

За време на администрацијата на Обама, Пентагон сè повеќе се вртел во Азија, каде му била целта 60 проценти од сите морнарички бази да бидат на тој континент. САД истовремено ги засилиле врските со Јапонија и другите далекоисточни партнери за да ја ограничат Кина. Економски, САД го туркале и Транспацифичкото партнерство, трговски договор кој намерно ја исклучил Кина, но кој Трамп сепак го повлекол.

Последните години растат тензиите и помеѓу Кина и Јапонија. Дошло и до серија воени тензии помеѓу Кина и САД, кои моментално инсталираат проектили во Јужна Кореја, по што Кина предупредила на нова атомска трка во тоа подрачје.

Доаѓањето на Трамп на власт веројатно дополнително ќе ги засили судирите со Кина. Новиот американски претседател веќе најавил трговска војна со таа држава. Дури и неговиот главен стратег Стив Бенон, изјавил: "Одиме во војна во Јужното кинеско море за пет до десет години...Нема сомнение околу тоа". И Бенон ја поддржува идејата на Хантингтон за судири на цивилизациите од истокот и западот. Тој ги гледа исламот и Кина како експанзионистички закани.

Кина економски би можела да ги надмине САД, но САД сè уште воено е без конкуренција. Дали тоа значи дека САД ќе користи воена сила за да ја задржи економската превласт?



Спонозорирани линкови

Маркетинг