Девојче му приоѓа на црногорски специјалец и му нуди цвеќе, а неговата реакција ќе ја расплаче

Точка

20/03/2017

13:02

6.574

Големина на фонт

а а а

Колку пати сме присуствувале на сцени од граѓански протести, често и насилни, а и покрај тоа да се пројави светол зрак на љубов и толеранција кога поединците во целиот тој хаос, се обидуваат да изразат човечност и да му покажат на човештвото дека не е сè во нас црно и злобно?

Колку пати сме виделе полицијата сокриена зад оклопот да добие цвеќе? Тоа ретко се случува, но некои фотографии од светот сведочат дека имало случаи кога сфаќаме дека под таа крутост и униформа сепак се крие само човек.


Меѓутоа, тоа не може да се каже и за овој полицаец, кој ја обезбедува зградата на Собранието на Црна Гора, во текот на протестите на мајките во Подгорица, пишува српскиот портал IN4S.



На снимката се гледа како на полицаецот му приоѓа девојче кое му предава цвеќе, но специјалецот одбива да го земе. Девојчето малку почекало, и кога сфатило што се случува, си заминало расплакано.

Полицаецот пред Собранието не се поместил, нешто проговорил и студено го погледнал детето.

Мајките протестираат веќе 19 дена поради стапувањето на сила на Законот за намалување на доживотниот надомест на мајките на основа на раѓање на три или повеќе деца со 25 години, односно 15 години стаж, на кои надоместокот им е намален од 336 на 264 евра, односно од 192 на 144 евра.


Спонозорирани линкови

Маркетинг