Професор Стивен Хокинг вели дека ќе патува во вселената откако му беше понудено место во Вирџин Галактик

Точка

20/03/2017

12:59

2.810

Големина на фонт

а а а

Професорот Стивен Хокинг изјави за "Good Morning Britain" дека веќе го поминал тестирањето за летање во нулта гравитација пред возбудливото патување

Славниот теоретски физичар Стивен Хокинг е поблиску до остварување на неговиот сон за патување во вселената.


Професорот и автор откри дека бизнис магнатот сер Ричард Брансон му понудил место во вселенското летало Вирџин Галактик, кога амбициозниот проект ќе започне да испраќа туристи надвор од границите на Земјата.


75-годишниот професор никогаш не се откажал од надежта за неговиот сон за патување во вселената, па дури и откако постепено беше парализиран и ја изгуби можноста да зборува откако беше дијагностициран со болеста на моторниот неврон ALS.



Говорејќи за значењето на среќа за него, Хокинг преку компјутеризираниот гласовен синтетизатор изјави: "Моите три деца ми ја носат најголемата радост"..

"И уште едно нешто кое ќе ме направи пресреќен е секако, патувањето во вселената. Веќе ги завршив подготовките со лет во нулта гравитација, но мојата крајна амбиција е да летам во вселената."

"Мислев дека никој нема да ме земе на едно вакво амбициозно патување но Ричард Брансон ми понуди место за Вирџин Галактик и јас веднаш му одговорив со "ДА, се разбира!". Од тој ден, не го променив мислењето."


Не е познато кога Вирџин Галактик ќе започне да нуди комерцијални вселенски летови. Проектот е се уште во фаза на тестови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг