Две мега понуди за Ристовски, репрезентативниот бек во дилема

Дерби

20/03/2017

12:52

1.682

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативен бек и член на Ријека, Стефан Ристовски во следната натпреварувачка средина би можеле да го гледаме во поквалитетна и подобра фудбалска средина.

Ристовски со своите квалитетни партии во Хрватска го привлече вниманието и според информациите кои доаѓаа од Португалија може многу лесно да се случи тој да го облече дресот на Спортинг Лисабон. Португалците веќе одреден период го пратат Стефан кој ги задоволил нивните вкусови, односно скаутите му го препорачале на тренерот Жорге Жесус.

Меѓутоа Спортинг не е единствената екипа која пројавува интерес за него, бидејќи во игра е и грчки Панатинаикос. Овие две понуди се секако примамливи за нашиот репрезентативец кој треба допрва да реши дали ќе каже „да“ за некој од овие проекти или пак ќе почека уште некоја понуда на негова адреса.

Ристовски има 25 години и веќе зад себе има огромно искуство играјќи за Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина, Специја и Ријека каде сезонава се бори за двојната круна во Хрватска.


Спонозорирани линкови

Маркетинг