DW: “Ердоган би сакал да има поголема моќ на Балканот”

Макфакс

20/03/2017

12:48

449

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сè уште нема толкава моќ да го контролира Балканот, а преку него да влијае врз европската политика. „Турција нема толкава моќ на Балканот колку што би посакал да ја има Ердоган, изјави во понеделникот косовскиот експерт Еродан Шиполи од Универзитетот Џорџтаун.

Во случај политичката елита од Балканот да има можност да избира таа и натаму ќе продолжи да ја избира ЕУ.

Според него, Ердоган смета дека тој преку Балканот може да влијае врз европската политика.

“Кога станува збор за политичко влијание на Косово, во Албанија и Босна и Херцеговина, Турција дефинитивно е важен регионален играч, но само додека нејзината политика не е во спротивност на интересите на политиката на ЕУ. Бидејќи главната цел на балканските земји е приклучувањето кон ЕУ. Долги години тоа беше целта и на Турција. Сега Турција се оддалечува од неа, а се намалува и нејзиното влијание на Балканот “, вели Шиполи.

Според него, Анкара има најсилно влијание во БиХ, во Македонија, на Косово и во Албанија.

“Се разбира, подобри се трговските односи со Бугарија, како и комуникација со локалната турската заедница отколку со турската заедница, на пример, на Косово. Во реалноста, политичкото влијание на Турција на Балканот не е толку големо колку што таа го претставува. Единствениот начин да се зголеми тоа влијание е ЕУ да го прекрши ветувањето за соработка со земјите од Балканот. Инаку, ако треба да се избира, земјите од Балканот секогаш ќе застанат на страната на Европа, и нема да жалат за Турција “, вели Шиполи.

Тој додава дека не верува дека треба да се очекува дестабилизација на Балканот.

“Турција нема интерес безбедносната ситуација на Балканот да е нестабилна, бидејќи тогаш земјата е целосно опкружена со нестабилни региони. Но, дел од одговорноста е и на земјите членки на ЕУ кои треба да го охрабрат Балканот, а не да се овозможи тој да падне во рацете на Ердоган”, заклучи Шиполи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг