Пике им се налути на навивачите: Нивното однесување не може да се толерира, тоа не помага…

Дерби

20/03/2017

12:16

813

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот шампион Барселона очекувано оствари победа над Валенсија (4-2) во последниот меч од 28.коло во Примера, но не беше се идеално за каталонците кои преку Жерард Пике им испратија порака на своите фанови.

Имено дел од навивачите на Барса одново го исфиркаа португалскиот репрезентативец Андре Гомеш кој ја потврди победата на својата екипа во 89 минута. Според Пике тоа треба да престане зошто со таквиот однос навивачите воопшто не и помагаат на екипата, ниту на играчот.

- Тие навивачи кои му свиркаат на Гомеш следниот пат нека останат дома. Нивното однесување не може да се толерира. Не и помагаат на екипата, ниту на играчот. Една работа е да го обвините некого за лоша партија, а потполно друга да дојдете на стадион само за да му изразите незадоволство. Такви ме нервираат, немаат морални принципи и ја убиваат самодовербата на мојот соиграч, -посочи јасно и гласно Пике.

Португалецот минатото лето за сума од 35 милиони евра пристига на „Камп Ноу“ и во својата прва сезона не ги одушеви навивачите, иако тој има постојана поддршка од тренерот Луис Енрике и колегите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг