Перо Антиќ се враќа во Олимпијакос!?

Дерби

20/03/2017

12:14

890

Големина на фонт

а а а

Давид Пик еден од најпознатите израелски новинари и човек кој ја следи европската и светска кошарка, на својот Твитер профил напиша дека Фенербахче е во преговори со крилниот играч Вил Клајбурн од Дарушафака. Уште позаганетно е дека овој играч треба да биде замена за најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ. Само не е јасно, како играч кој игра на крилна позиција ќе биде замена за Антиќ кој игра на позиција крилен центар и центар.

Наредниот период ќе се разјаснат многу работи, а дали Перо Антиќ кој се уште е омилен кај навивачите на Олимпијакос и за кого медиумите во Грција се уште пишуваат, ќе го напушти Фенерабхче и ќе пристапи во редовите на Олимпијакос. Од овие две работи една е сигурна, а тоа е дека ја игра последната сезона во Фенербахче.

Останува само да прогнозираме, меѓутоа сите во Атина знаат дека Перо Антиќ е човекот кој му помогна на Олимпијакос да стигне до две Европски титули едноподруго за сезоните 2012 и 2013 година и да победи во домашниот шампионат во 2012 година.



Антиќ во Фенербахче дојде во 2015 година, откако претходно две години играше во НБА во дресот на Атланта. Оваа сезона одигра 23 натпревари со мала минутажа во Евролигата и со просек од 4,7 поени и 2,4 скока.


Спонзорирани линкови

Маркетинг