НБА: Лилард 49, Ирвинг 46, Расел 40

Макфакс

20/03/2017

12:12

426

Големина на фонт

а а а

Изминатата ноќ во НБА лигата мина во знакот на тројца кошаркари, Лилард од Портланд, Ирвинг од Кливленд и Расел од ЛА Лејкерс, кои постигнаа 40 и повеќе поени.

Лејкерси и Кливленд одиграа спектакуларен меч, победа забележа актуелниот првак 125:120, но отпорот на аутсајдерот го скрши дури во последната четвртина.

Расел за Лејкерси постигна рекордно во кариерата 40 поени, додека Кливленд го предводеа Ирвинг со 46 и Леброн Џејмс со 34 поени.



Демијан Лилард блескаше во победата на Портланд во Мајами 115:104. Бекот на Портланд мечот го заврши со 49 поени, 28 од нив постигна во првото полувреме. Одличен меч одигра и репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ (21 поен, 12 скокови), а Мајами го предводеше Џонсон со 24 поени, 7 скокови и 5 асистенции.



Резултати: Сан Антонио-Сакраменто 118:102, Њу Орлеанс-Минесота 123:109, Торонто-Индијана 116:91, Детроит-Феникс 112:95, Филаделфија-Бостон 105:99, Бруклин-Далас 104:111.


Спонозорирани линкови

Маркетинг