Оливер Спасовски на распит во Обвинителство

Макфакс

20/03/2017

12:08

757

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, потврдуваат за Алсат-М, од таму.

Предмет на истрага на обвинителството се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата. Деновиве во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој во петокот изјави дека секогаш кога Специјалното јавно обвинителство ќе отвори некоја предистражна, истражна постапка или обвинителен акт, „Зоран Заев е таргетот на државното Јавно обвинителство“.

„СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај, ревизорскиот извештај заврши, ревизијата беше спроведена од Државниот завод за ревизија, согласно законите и за кампањата и за партијата СДСМ, апсолутно нема никакво сомневање во самиот извештај… Апсолутно индициите којшто ги имаат се доволен основ да бидеме повикани, за да ги дадеме сите наши докази и верувам дека тука ќе заврши целата постапка“, рече Заев во петокот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.