The Courier: Тереза Меј се упатува во посета на Велс

Макфакс

20/03/2017

11:53

221

Големина на фонт

а а а

Тереза ​​Меј ќе го посети Велс. Посетата е во позадина на зајакнатиот притисок за зачувување на единството во Велика Британија, кое по референдум за Брегзит од ЕУ е разнишано, пишува во понеделникот шкотскиот весник The Courier.

Премиерот спроведува серија на разговори со политичките претставници на составните делови на кралството, пред да го активира чл. 50 од Лисабонскиот договор и да се отпочне официјалната процедура за напуштање на Европската унија.

Во Велс ќе ја придружуваат министерот за Брегзит Дејвид Дејвис и министерот за Велс Ален Кернс. Тројцата ќе се сретнат со првиот министер на Велс Каруин Џонс, а исто така и со водечките фигури во бизнисот и други области.

Посетата ќе се совпадне со потпишувањето на договорот помеѓу британската влада, Владата на Велс и локалните власти од градот Суонси, вреден 1,3 милијарди фунти, со кој се очекува да се создадат девет илјади нови работни места.

Турнејата се одржува непосредно откако Тереза ​​Меј ја отфрли можноста за организирање на втор референдум за независност на Шкотска и определувањето на евентуален датум за изработка на договор за Брегзит.


Спонозорирани линкови

Маркетинг