Таа е најдобра наставничка на светот: Поради тоа добила награда од - милион долари!

Точка

20/03/2017

11:48

2.529

Големина на фонт

а а а

Жената која работи како поддршка на проблематични тинејџери во изолираната инуитска заедница во канадскиот дел на Арктикот, вчера била прогласена за најдобра наставничка на светот. Нејзината победа ја објавил астронаут од Меѓународната вселенска станица.


На Меги МекДонел на церемонијата во Дубаи ѝ била доделена Светската награда за наставничка на 2017-та година, вредна милион долари.




МекДонел била наградена поради своите иницијативи за борба против депресијата, тинејџерската бременост и високиот процент на злоупотреба на дрога во Салуит, село кое е дом на втората најсеверна инуитска заедница во Квебек, стои на интернет страната на организацијата која ја доделува оваа награда.



До Салуит може да се дојде само со авион, а температурите во зима достигнуваат до - 25 степени Целзиусови.



"Мислам дека како наставничка во малата арктичка заедница денот никогаш не ми завршува. Училишните врати може да се затворат, но односот со учениците продолжува бидејќи делиме иста заедница", рекла наградената наставничка.




Наградата од милион долари ја доделува организацијата "Varkey" со седиште во Лондон, под покровителство на лидерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактоум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг