Луис Енрике во неверица по победата над Валенсија: Ова првпат ми се случува во животот

Дерби

20/03/2017

11:16

1.682

Големина на фонт

а а а

Барселона успеа да слави со 4:2 во дерби пресметката со Валенсија и да го одржи чекорот со Реал Мадрид на врвот на табелата во шпанската Примера, а без разлика на тоа што за време на мечот Луис Енрике имаше неколку нервозни и фрустрирачки гестикулации за шансите кои ги создаваа гостите, сепак беше многу порелаксиран на прес-конференција на која порача дека неговиот тим заслужил и повисока победа.

Тренерот на Барса порача дека неговите фудбалери одлично се снашле против тим кој редовно им создава многу проблеми, но сепак прес-конференцијата на „Лучо“ по натпреварот со Валенсија нема да се памети по ова, туку по една негова урнебесна реакција.

Додека говореше во прес-салата, Луис Енрике забележа дека еден од новинарите заспал на своето столче, а на тоа едноставно не можеше да остане рамнодушен тренерот на каталонците кој саркастично го прекина својот говор и порача.

– Ова првпат ми се случува во животот, вакво нешто уште не сум доживеал. Добар ден, – низ смеа му порача Енрике на новинарот кој сигурно нема да остане горд на оваа прозивка од тренерот на Барселона.




Спонозорирани линкови

Маркетинг