Невиден сеир на интернет: Фирмино почна предвреме да слави, Лалана го шокираше со вонсериското промашување

Дерби

20/03/2017

11:14

987

Големина на фонт

а а а

Дерби натпреварот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул изобилуваше со голем број на шанси на двете страни, но на крајот можеби и најзаслужно двете екипи си поделија по еден бод и останаа во жестока трка за топ четири пласманот во Премиер лигата.

И двата тима имаа по неколку фантастични шанси да постигнат втор гол и да освојат три бода, а најверојатно најблиску до тоа беше Адам Лалана кој имаше нестварно промашување во 82-та минута.

Офанзивниот играч на Ливерпул беше во таква позиција што беше многу потешко да не ја затресе противничката мрежа, а всушност најдобар доказ за тоа е реакцијата на Роберто Фирмино која сега е вистински хит на интернет.

Бразилецот беше до толку убеден дека Лалана нема да погреши во дадената ситуација, па почна предвреме да го слави погодокот кој на крајот се претвори во вонсериско промашување.




Спонозорирани линкови

Маркетинг