Die Welt: Русија цели дестабилизација во Србија

Макфакс

20/03/2017

11:10

623

Големина на фонт

а а а

Европската унија веќе има доволно проблеми со Брекзит, популисти, Трамп и Турција, но зад сцената во Брисел се појавија нови главоболки за дипломатите кои се предизвикани од еден поинаков проблем, кој се повеќе излегува во преден план: точно на влезната врата на ЕУ, ескалираа тензии со полна сила, пишува денеска, во коментарот на германскиот национален весник Die Welt.

Во голем број земји од Западен Балкан врие, истовремено Русија, Кина, Саудиска Арабија и Катар се обидуваат да го прошират своето влијание во регионот, а тоа е една опасна мешавина, посочува Die Welt.

“Балканот е силно чувствителна област, каде во најкус можен рок може да се ревитализираат одамна надминатите конфликти”, предупреди шефот на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, Дејвид МекАлистер.

Според МекАлистер, проблемот сепак оди подлабоко. “Москва се обидува да влијае на медиумите, на дел од политиката и во општеството во Србија. Русија води позната политика на дестабилизација во Србија. Ова дава повод за голема загриженост“, истакна МекАлистер.


Спонозорирани линкови

Маркетинг