Значително намалени водостоите на Дрим и Црна

Нетпрес

20/03/2017

11:09

265

Големина на фонт

а а а

Драстично пониски нивоа од просекот за март неделава се измерени на Црна Река кај Новаци и на Дрим кај Ложани.

Како што соопшти УХМР, пониски од просечните се водостоите на речиси сите реки, Вардар кај Скопје, Велес, Демир Капија, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалницаи Струмица.

Нивото на Охридското Езеро, пак, се движело меѓу 4 и 5 сантиметри за разлика од просекот во март кој е 32 сантиметри.


Спонозорирани линкови

Маркетинг