Ова го може само Балотели: Го остави тимот со 10 играчи две минути, не можеше да се справи со врвките!

Дерби

20/03/2017

10:56

625

Големина на фонт

а а а

Марио Балотели бележи значителен пад во формата по сензационалниот старт на авантурата во француската Лига 1, а тоа се одрази и на резултатите на Ница која сега заостанува седум бода во однос на првопласираниот Монако.

Ница одигра 1:1 на гостувањето кај Нант во 30-то коло од најсилното друштво во Франција, но наместо стрелците на головите, во прв план се најде Марио Балотели поради една бизарна ситуација. Добро се сеќаваме дека популарниот Супер Марио беше вистински хит кога не можеше да го облече маркерот за тренинг, а сега верувале или не, ги пропушти првите две минути од натпреварот со Нант поради тоа што не можеше да се справи со врвките на копачките.

Балотели побара помош, па откако беше надминат проблемот се врати во игра и им се стави на располагање на своите соиграчи.



Спонозорирани линкови

Маркетинг