Расплаканиот Вавринка „удри“ по сонародникот: Федерер, ти си голем глупак…

Дерби

20/03/2017

10:55

904

Големина на фонт

а а а

Рожер Федерер го отпиша својот сонародник Станислас Вавринка во големото финале на Индијан Велс, а ако и двајцата се однесуваа крајно џентлменски за време на мечот и при ракувањето на самиот крај, таквиот тренд продолжи и на свечената церемонија на која беа доделени трофеите.

Вавринка како ретко кога се расплака на бината по поразот и едноставно не можеше да ги сокрие емоциите, а утеха пронајде во својот добар пријател кого на шега го нарече и глупак поради тоа што со смеа го проследи тоа.

– Извинете, навистина сум многу изморен од оваа недела, – низ солзи порача Вавринка додавајќи:

– Сакам да му честитам на Рожер кој се смее. Тој е голем глупак, но нема врска. Кога ме победи во Австалија јас и натаму бев твој голем пријател, така ќе биде и сега. Честито за во Австралија и честито за денес, – истакна емотивниот Стен кој со својот говор предизвика неверојатни овации на трибините во калифорниската пустина.



Спонозорирани линкови

Маркетинг