Терористот од Париз под дејство на алкохол и кокаин напаѓал војници: Извикувал дека сака да умре за Алах

Точка

20/03/2017

10:48

738

Големина на фонт

а а а

Зијед Бен Белгасем, кој во саботата бил убиен на парискиот аеродром Орли откако нападнал припадници на француската војска, во моментот на нападот бил под дејство на дрога и алкохол.


"Токсиколошките тестови извршени во неделата покажале ниво на алкохол од 0,93 грама по литар во неговата крв, како и присуство на канабис и кокаин", навел изворот.


Таткото на францускиот државјанин со туниско потекло, вчера рекол дека неговиот син не бил терорист, туку дека за неговите постапки се виновни алкохолот и дрогата.

"Мојот син не беше терорист. Никогаш не се молеше, а пиеше", рекол шокираниот татко на напаѓачот.


Француската полиција во неделата го ослободила таткото на 39-годишниот Зијед Бен Белгасем, а инспекторите и натаму се обидуваат да ги утврдат мотивите за неговиот напад, поради кој привремено бил затворен вториот најраздвижен аеродром во Франција.

Саботната драма започнала кога Бен Белгасем, на еден војник му ставил пиштол на глава и му ја одземал пушката, извикувајќи дека сака "да умре за Алах", по што други двајца војници го убиле.


Канцеларијата на францускиот обвинител соопштила пред обдукцијата дека на напаѓачот ќе му бидат направени тестови на крвта за дрога и алкохол, а при претресот на неговиот стан, покрај мачета, пронајдена била и помала количина на кокаин.

Инспекторите, исто така, продолжуваат да ги испрашуваат браќата и роднините на напаѓачот, за да откријат дали тој планирал терористички напад или одлучил да умре како самопрогласен маченик.


Напаѓачот, инаку, бил под истрага во 2015-тата година, поради врска со исламистички радикали, која претходно ја воспоставил во затвор, но неговото име не се појавува на листата на луѓе за кои се смета дека претставуваат голема опасност, наведува француската агенција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг