Ekathimerini: Даночните инспектори во Грција протестираат против политиката на штедење на владата

Макфакс

20/03/2017

10:17

208

Големина на фонт

а а а

Грчките даночни инспектори во понеделникот протестираат против политиката на штедење пред зградата на грчкото министерство за финансии, пишува денеска весникот Ekathimerini.

На протестот на вработените им се приклучија и членови на синдикатот на државните службеници во Грција (АДЕДИ), кои исто така сакаат да го искажат своето незадоволство од политиките на Владата за зголемување на даночните приходи.

Претседателот на Унијата на даночните инспектори од Атина и Цикладските острови изјави за телевизијата Skai дека владата планира мерки насочени кон истите социјални групи, кои веќе платиле значителни даноци.


Спонозорирани линкови

Маркетинг