Бизарните методи на старите Римјани: Ќе ви се слоши кога ќе прочитате како ги лечеле главоболките

Точка

20/03/2017

10:08

3.764

Големина на фонт

а а а

Кога ќе ги слушнете методите на старите Римјани за лечење на главоболка ќе ви биде премногу мило што денес можете да си купите кафетин или налгесин во секоја аптека.

Античкиот Рим бил многу фасцинантен. Римјаните се заслужни за бројни научни достигнувања, чии придобивки човештвото ги користи и денес. Сепак, некои од нивните начини на справување и решенија не биле баш за пофалба.


Ве молиме да не ги испробувате овие лекови против главоболка!


Постоеле премногу начини како да излечите главоболка во антички Рим, но во споредба со нив, мигрената на нас ни звучи прифатливо - па дури и би ја трпеле само да не го практикуваме тоа.

Животните биле неизоставен дел од лекувањата..

- На главата на човекот со мигрена прскале вино во кое претходно бил потопен камелеон.

- Главата на човекот со мигрена да ја допре слонова сурла. Уште подобро доколку слонот во тој момент кивне.

- Да се испие водата од која претходно пиело магаре или вол.

- Доколку мигрената е упорна, се сечеле гениталии на лисица и се врзувале околу глава.

А тие решенија под кои не се подразбирало дека живеете во зоолошка градина, биле уште полоши. Се препорачувало крпа да се натопи во менструална крв и етерично масло и тоа да се врзе околу главата.

Како што кажавме, не го пробувајте ова дома!


Спонозорирани линкови

Маркетинг