Збогум приватност: Доколку овој закон помине, Американците на работодавците ќе мора да им даваат ДНК тест

Точка

20/03/2017

10:33

1.970

Големина на фонт

а а а

Додека светот бил преокупиран со забраната на Трамп за влез на муслимани во САД, комитетот на американскиот Претставнички дом речиси незабележително одобрил предлог закон, кој би можел да го исфрли од рамнотежа животот на многу Американци.

Според тој закон, претпријатието би имало право да бара од вработените да поднесат резултати од ДНК анализа.

Американските и европските генетичари се ужаснати, истакнувајќи дека ДНК тестот мора да биде доброволен. Информациите за можни заболувања припаѓаат во сферата на приватноста, оценува Европското друштво за хумана генетика - "ESHG".


Протестот на европските научници е разбирлив, бидејќи искуството покажуваа дека иницијативите во областа на биоетиката кога-тогаш ќе се пренесат и на Европа. Во овој случај, тоа би било погубно, бидејќи американските компании во иднина би можеле да ги користат интерните велнес-програми на претпријатијата, за да избегнат законски дефинирана заштита на приватната сфера во доменот на генетиката.


Кој нема да учествува во програмите на компаниите, кои вклучуваат генетска анализа, ќе биде казнет со значително поголеми трошоци од здравственото осигурување, а оние кај кои на основа на генетска анализа ќе се утврди зголемен ризик од заболување, ќе станат товар за компанијата, односно договорите нема да им се продолжуваат. Пред неколку години, во Германија здрава наставничка била преместена во администрација затоа што нејзиниот татко имал наследно заболување Хантингтонова хореа, пишува Süddeutsche zeitung.

Ова е крајно нехумано, бидејќи работодавците треба да ги оценуваат вработените на основа на талентот и резултатите, а не на основа на нивниот генетски профил, посебно ако се има во предвид дека резултатите во повеќето генетски анализи утврдуваат само ризик, кој не значи дека лицето ќе се разболи.


Покрај тоа, многу луѓе не сакаат да знаат какви генетски ризици носат во себе, а кај ретките генетски пореметувања кои сосема сигурно предвидуваат одредено заболување, пациентите не можат да сторат ништо за да ја спречат, или да го одложат настапувањето на болеста.


Спонозорирани линкови

Маркетинг