Шефовите на разузнавачките служби на САД ќе сведочат пред Конгресот

Макфакс

20/03/2017

09:58

262

Големина на фонт

а а а

Шефовите на главните разузнавачки агенции на САД треба да сведочат пред Конгресот во врска со наводната вмешаност на Русија во изборната кампања на претседателот Доналд Трамп.

Тие исто така ќе се осврнат на тврдењето дека Трамп дека бил прислушкуван од страна на Барак Обама, пренесува BBC.

Директорот на FBI Џејмс Корни и адмирал Мајк Роџерс од NCA ќе говорaт на ретка отворена расправа на Комитетот за разузнавачки информации.

Русија негира дека се обидела да влијае врз изборите, додека Трамп ја осуди истрагата, нарекувајќи ја “лов на вештерки”.

Во јануари разузнавачките агенции на САД соопштија дека хакери поддржани од Кремљ упаднале во мејловите на високо-позиционирани членови на Демократската партија и ги обелодениле со цел да му помогнат на Трамп да ја порази Хилари Клинтон.


Спонозорирани линкови

Маркетинг