Дебарската подружница на „Македонски шуми“ ќе пошуми 20 хектари

Нетпрес

20/03/2017

09:48

197

Големина на фонт

а а а

Врз основа на зацртаните програмски активности, на подрачјата каде се врши сеча на огревно дрво, дебарската подружница „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ годинава ќе пошуми 20 хектари во општините Дебар и Центар Жупа.

Перманентна наша грижа е обновувањето на шумскиот фонд. И годинава планираме да пошумите 20 хектари површина со четинари, главно црн и бел бор и ела или во бројки околу 40 илјади садици, рече Рами Љата, раководител на Подружницата.

Тој додава дека и годинава ќе се вклучат во традиционалната акција „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“, во која во просек се засадуаат по 20 илјади садници на ерозивни и опожарени терени.

Минатата година, во рамки на редовните активности за пошумување и споменатата акција, на подрачјето на двете општини засадени се 43 илјади садници на црн и бел бор, ела, како и чемпрес, истакна Љата.

Задоволен е што во акциите освен вработените во Подружницата се вклучуваат и граѓани и ученици.

Секако, посочува тој, и податокот дека поради честите контроли и превентивните мерки, речиси на минимум се сведени случаите на кражби на огревно дрво и опожарување на шумите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг