Хаос во затвор во Гватемала: Затвореници убиле двајца чувари, повредени неколку луѓе

Точка

20/03/2017

09:41

334

Големина на фонт

а а а

Во нередите кои избиле во затворот во Гватемала загинале двајца затворски чувари, а неколку луѓе биле повредени, соопштиле властите.


Полицијата потврдила дека двајца чувари загинале во затворот за малолетници и возрасни во Сан Хосе Пинули, на околу 20 километри источно од главниот град на Гватемала.


Властите навеле дека затворениците исто така предизвикале пожар во еден дел од затворот, и дека полицијата употребила солзавец за да ја поврати контролата.


Пожарникарите-волонтери за локалните медиуми рекле дека убиените чувари претходно биле претепани, а причината за смртта не е утврдена.


Инцидентот се случил две седмици по пожарот во домот за деца без родители на југозападот на Гватемала, во кој загинале 40 девојчиња.



Спонозорирани линкови

Маркетинг