Роналдо со пцовка до Зидан?

Точка

20/03/2017

11:10

1.341

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Реал Мадрид во саботата славеа со 2:1 на тешкото гостување кај Атлетик Билбао во рамките на 28-мо коло од шпанска Примера.

Кралскиот клуб стигна до исклучително важните три бода на тешкото гостување во Билбао, а погодоците за екипата на Зидан ги постигнаа Бензема и Касемиро, а две асистенции забележа Кристијано Роналдо кој што во 79-та минута беше заменет.

Зидан одлучи да го повлече Португалецот од игра, а на неговото место беше внесен Иско. Шпанските медиуми пренесуваат дека видно вознемирениот Роналдо, не бил задоволен од таквата одлука на тренерот Зидан и упатил пцовка до него: „Зошто мене? Е** се“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг