Кинезите го молат Иниеста: Дојди кај нас, не мора ниту да играш на гостувањата...

Точка

20/03/2017

10:10

797

Големина на фонт

а а а

Во намерата да владеат со светскиот фудбал, Кинезите ги минуваат сите граници и со вртоглави суми фудбалот буквално го претворија во бизнис.

И додека повеќето европски фудбалери кои што не успеале во Европа, едвај чекаат да добијат понуда од Кина и да ги „наполнат џебовите“, има и фудбалери кои што сакаат да играат „вистински“ фудбал на Стариот континент и не ги интересираат парите.

Еден од нив е Андрес Иниеста за кого се појави информација дека од еден кинески клуб му понудиле неверојатни 35 милиони евра по сезона и разни други бонуси и погодности, од кои една од нив е прилично неверојатна.

Имено, Иниеста во договорот би имал клаузула според која би бил ослободен од гостинските натпревари.

Сепак, ѕвездата на Барселона одлучи да остане на „Камп Ноу“ каде што моментално преговара за продолжување на договорот. Шпанските медиуми пренесуваат дека една од причините зошто не сака да ја напушти Барселона е затоа што сака да ја задржи формата и да настапи на Светското првенство во Русија идната година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг