Германски „Билд" го објави името на наследникот на Венгер

Точка

20/03/2017

09:10

1.164

Големина на фонт

а а а

Ако може да им се верува на новинарите на германски „Билд“, тогаш Арсенал следната сезона ќе има нов тренер.

По крајот на сезоната истекува договорот на Арсен Венгер со „Топчиите“, а засега не е соопштено дали после 19 години францускиот стратег ќе го напушти клубот.

И додека иднината на Венгер е неизвесна поради тоа што се уште Французинот нема добиено понуда за продолжување на договорот, германски „Билд“ пренесува дека лондонскиот клуб веќе има нов тренер - наводно бил постигнат договор со актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел.

Германецот веќе подолго време се споменува како замена на Венгер, а доста интересна е оваа информација на „Билд“ затоа што пред неколку дена Венгер изјави дека „донел одлука и наскоро ќе ја соопшти“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг