Оланд: Франција е одлучна во борбата против тероризмот

Макфакс

18/03/2017

18:27

1636

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги пофали војската и полицијата поради храброста и ефикасноста за време на инцидентот на парискиот аеродром „Орли“, во кој беше убиен напаѓачот, пренесуваат светските медиуми.

„Државата е одлучна постојано да делува во борбата против тероризмот, да ја одбрани безбедноста на нашите сонародници и да обезбеди заштита на територијата“, навел Оланд во соопштение, пренесува АР.

Оланд оценил дека операцијата „Сентинел“, која опфаќа седум илјади војници кои патролираат низ улиците во „чувствителните“ зони во Франција, се покажала како корисна во помошта кон полициските сили.

Мажот кој во саботата беше убиен на аеродромот „Орли“ бидејќи одземал пушка на еден војник, претходно ранил полицаец во Париз. Француските власти потврдија дека се работи да радикализиран муслиман, кој и претходно и бил познат на полицијата и известувачките служби.


Спонозорирани линкови

Маркетинг