Пораз на источниот сојуз: Путин и Ердоган се обиделе да управуваат со Европа, но доживеале дебакл

Точка

18/03/2017

17:23

15033

Големина на фонт

а а а

Дипломатскиот судир со извадени ракавици помеѓу Турција и Холандија одекнал низ целиот свет од едноставна причина, бидејќи последиците од таквиот судир одат далеку надвор од границите и односите на двете земји.

Покрај тоа, судирот дошол во чувствителен изборен период: Холанѓаните биле пред важни парламентарни избори, а Ердоган го чека референдум на кој се обидува да ги убеди Турците да му дадат апсолутна власт.


Меѓутоа, кога сите очекувале дека од таа "гунгула" најмногу ќе профитира холандскиот радикален исламофобен десничар Герт Вилдерс, се случило спротивното. Списанието "Forbes" има интересна теорија: дека судирот го иницирала Турција со цел која е многу посложена од едноставната причина претставена во јавноста - да забрани одржување на проердогански митинзи на холандска територија. Бидејќи, политичкиот театар бил наместен на тој начин за од таму како победници да излезат националистите, како од Турција, така и од Холандија.

Кратката рекапитулација на ова гласи: Сето ова почнало пет дена пред парламентарните избори во Холандија. Холандските власти забрануваат шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, да слета во Ротердам и да одржи митинг за турската дијаспора, чии гласови и тоа како му се потребни на Ердоган на референдумот во април. Експресен напад дошол и од Анкара: Ердоган Холанѓаните ги нарекол бандити и нацисти, обвинувајќи ги и за масакрот во Сребреница. Кратко потоа, во Холандија незаконски влегла турската министерка за семејство. Холандската полиција ја фатила непосредно пред да се обиде да влезе во конзулатот на Турција во Ротердам, и под закана ја испратила од земјата, а таа разгласила дека "била подготвена да умре, но дека Ердоган ја повикал назад". Турците ја затвораат својата амбасада во Холандија и му забрануваат враќање на холандскиот амбасадор во Анкара. Набрзо и Германија му забранува на Чавушоглу да одржи митинг во Хамбург, а репризната навреда повторно дошла од Анкара: Вие сте нацисти.

Холандските медиуми заземале став дека Ердоган е тој што провоцирал дипломатски судир. Бидејќи, според нивните тврдења, Чавушоглу добил дозвола да одржи говор во Ротердам, но по 15 март, кога ќе минат изборите. Која сериозна земја меѓу другото дозволува странски политичари да држат митинзи на нејзина територија пред избори? Одложувањето од неколку дена немало да биде проблем за Турција, бидејќи нивниот референдум е за два месеци. Меѓутоа, низа навреди дошле од Анкара, турскиот конзулат ги повикал луѓето да излезат на улица и да протестираат, па се поставува логичното прашање: Зошто? Одговорот кој се наметнува како логичен е: да му се помогне на ултранационалистот Вилдерс.


Од зад завесите гледа Путин

Ердоган продолжил со своите непријателски изјави, а се во обид да создаде ланец провокации. Логично било дека од таквата атмосфера ќе профитира човекот кој е најголем противник на муслиманите, а воедно и Ердоган, кој неколку пати го нарекол "исламофашист". Но, гледајќи ја пошироката слика, победата на Вилдерс всушност би му помогнала на Ердоган. Доколку победел екстремистот, ЕУ на чело со Ангела Меркел би била потресена, а со неа и цврстиот став и отпорот кон "заканата број 1 за Европа - Владимир Путин".

"Forbes" рускиот претседател го нарекува "кум на антимеркеловските десничарско-популистички лидери во Европа". Во екот на својата политичка романса со Путин, Ердоган се обидел да и зададе силен удар на Европа, својот верен повеќедецениски сојузник, наведува "Forbes" и потсетува на пораката на Путин и Ердоган која се провлекува низ нивните изјави минатите месеци:

Западниот модел е премногу слаб, премногу плуралистички, премногу отворен, премногу слободен, а со тоа и премногу ранлив.


Зближување на двајца истомисленици

Од друга страна, Ердоган и Путин од ден во ден се сè поблиски. Турскиот претседател неодамна ја посетил Москва, каде според наводите на турските и руските медиуми договорил купување на најдобриот ПВО систем на светот - С-400. На тој начин Турција станала првата земја на НАТО која купува оружје Русите. Таквиот потег би можел да значи дека Алијансата сериозно ќе размисли за исклучување на Турција од сојузот, смета весникот.

"Што прави Ердоган? Се прашуваме. Потпалува верско нетрпение во Холандија и Германија, а истовремено станува и заштитник на Путин. Знаеме дека турскиот претседател се сомнева дека САД го организирале пучот против него, и тоа преку Фетулах Ѓулен, кој слободно живее во Пенсилаванија. Против кој Ердоган ќе го употребува "S-400"? Против Москва? Или околните руски сојузници како Сирија и Иран? Путин не ја вооружува Турција за да се бори против него и неговите сојузници. Што им останува на САД и ЕУ како главни закани за режимот на Ердоган. Сведочиме на креирање на проблеми во НАТО алијансата поради махинациите на Путин", смета аналитичарот Мелик Кајлан.


Зошто Трамп молчи?

Забележливо е тоа што Доналд Трамп не кажал ниеден збор за критика на сметка на Турција, посебно во екот на своите антимуслимански забрани. Сепак, Турците со месеци ги демонизирале САД по обидот за пуч. Покрај тоа, тука се и обвиненијата кои висат над Анкара: дека со своето неделување овозможила џихадистите да ја минуваат границата и да влегуваат во Сирија. На Трамп тоа очигледно не му пречи, а неговиот антимуслимански национализам изгледа нема проблем со Ердоган и неговата антиамериканска и исламистичка политика, пишува Forbes.

"Ако барате заеднички фактор, и помислите на Путин - во право сте. Тој е лидер кој е во мисија на создавање на алтернативен глобален систем на чело со псевдо-демократски популистички истомисленици. Тој нив им помага да ја потресуваат западната демократија, а тие за возврат се покоруваат на неговата хегемонија. Од друга страна, Ердоган директно ги засилува оние кои би ги протерувале Турците од Холандија. Ја загрозува економската соработка помеѓу двете земји, а Турците и Холанѓаните ги претвора во непријатели. Во тоа е целата работа. Бидејќи, доколку Ердоган сакал да ги зголеми своите шанси на референдумот така што ќе распали со антиевропска реторика, тоа можел да го направи кога сака, како што и направил многу пати во минатото. Но, тој намерно одбрал чувствителен момент и почнал со спроведување на сложен план за влошување на односите. Намерно се обидел да се вмеша во политичката судбина на Холандија и Европа. Цела Европа ја гледала руската кампања на дезинформирање и мешање, но не била подготвена за удар од зад грб во вид на Ердоган како егзекутор, заклучува Кајлан".



Спонозорирани линкови

Маркетинг