Работнички „романтично" го скрши Силекс во второто полувреме, Вардар и Шкендија убедливо против аутсајдерите

Дерби

18/03/2017

18:00

1155

Големина на фонт

а а а

Екипите на Работнички и Силекс го одиграа дербито на 23-то коло во Првата македонска фудбалска лига, а истото му припадна на домашниот тим благодаение на офанзивниот пристап и умешност, особено во второто полувреме.

Горан Силјановски со необичен удар од 35 метри успеа да го изненади противничкиот голман Вујанац кој очекуваше центаршут во 59-та минута, а ова доволно ги окуражи „роматичарите“ да нападнат во следните неколку минути и да го решат прашањето околу победникот. Седум минути подоцна, Суат Сахити по втор пат ја погоди мрежата на гостите од Кратово и на тој начин ги осигура трите бода за домашниот тим од Скопје.

Главните фаворити за титулата, Вардар и Шкендија ова попладне имаа лесни задачи на гостувањата кај аутсајдерите, па така актуелниот шампион ја декласираше Македонија со 0:5, додека тетовските „црвено-црни“ славеа против Брегалница со 1:3.

На преостанатите два натпревари, Победа и Шкупи ги поделија бодовите (1:1), додека Ренова со 2:1 славеше над Пелистер.


Спонозорирани линкови

Маркетинг