Трамп после состанокот со Меркел: Германија ни должи огромна сума на пари

Точка

18/03/2017

17:00

7.419

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „одличен состанок“ со германската канцеларка Ангела Меркел.

Сепак, новиот американски претседател го обвини Берлин дека на НАТО Алијансата им должи огромна сума на пари и ги повика Германците повеќе да им плаќаат на Американците поради тоа што САД ги брани.


„И покрај тоа што слушнавте многу лажни вести, јас имав одличен состанок со германската канцеларка Ангела Меркел. Без оглед на тоа, Германија должи огромна сума на пари на НАТО и САД мора да бидат платени за моќната и многу скапата одбрана која што ѝ ја обезбедуваат на Германија.



Трамп за време на вчерашниот состанок со Ангела Меркел, јасно порачал дека силно ја поддржува НАТО Алијансата, но и дека сојузниците ќе мора да го платат тоа што го должат.

„Многу држави должат огромна количина на пари и таа ситуација не е праведна кон Соединетите Американски Држави“, изјави Доналд Трамп на почетокот на заедничката конференција за медиумите со германската канцеларка Ангела Меркел во Белата куќа во Вашингтон.


Тој истакна дека тие држави мора да го платат својот дел за да добијат гаранции дека остатокот од Алијансата ќе ги брани, пренесува новинската агенција "AP". Од друга страна, Меркел изјави дека поддршката на Трамп охрабрува и порача дека Германија ќе го зголеми придонесот во Алијансата.

Германски „Билд“ пренесува дека шефот на Белата куќа, после разговорот кој што го имал со Меркел во четири очи во Овалната соба, бил видно вознемирен, по што подоцна, за време на заедничкото фотографирање тој одби да и подаде рака на германската канцеларка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг