Паника во Вашингтон: Украден компјутер од ЦИА со доверливи информации за Трамп, Меланиа и Хилари

Точка

18/03/2017

16:38

4745

Големина на фонт

а а а

Тајната служба која е одговорна за заштита на претседателот и официјалните претставници, во петокот објавила дека ја започнала истрагата за кражбата еден од нивните компјутери, без да прецизира какви се' податоци има во него.

Според CNN, во овој лап топ се наоѓале плановите за евакуација од кулата ан Трамп, во којашто престојувал пред неговата инаугурација. Овде се уште престојува неговата сопруга, Меланиа Трамп со најмалиот син Барон.


Објавено е дека во компјутерот имало и детали во врска со скандалот за прватниот сервер на поранешната кандидатка на демократите, Хилари Клинтон.


"Тајната служба може да потврди дека еден од вработените беше жртва на кривичното дело при кое беше украден лап топ од нашата агенција" - стои во соопштението на ЦИА.

Тајната служба која е во надлежност на Министерството за внатрешна безбедност тврди дека овие компјутери се осигурани и кодирани и дека "не смеат да содржат доверливи информации"..

"Во тек е истрагата" - додава службата без други детали со напомена дека сите евентуални информации од овој грабеж треба да се достават до канцелариите на ЦИА во Њујорк.


CNN наведува, повикувајќи се на двајца високи полициски претставници во Њујорк, дека во овој компјутер имало "многу доверливи" информации и дека тој бил украден од автомобилот на агент на тајната служба во четвртокот наутро во Бруклин.


Спонозорирани линкови

Маркетинг