Вучиќ: Активист на СНС загина лепејќи плакати

Макфакс

18/03/2017

14:12

2615

Големина на фонт

а а а

Претседателскиот кандидат и премиер на Србија Александар Вучиќ во саботата во Нови Сад изјавил дека еден активист на неговаат Српска напредна партија (СНС) „загинал лепејќи плакати“, пренесуваат српските медиуми.

„Во текот на ноќта еден наш активист, Миливоје Гајиќ, загина лепејќи плакати. Нека му е лесна српската земја“, рекол Вучиќ на предизборен митинг, притоа не соопштувајќи повеќе детали околу овој случај.


Спонозорирани линкови

Маркетинг