"Не ме интересира што ќе каже Европа": Ердоган најавил воведување на една средовековна пракса

Точка

18/03/2017

13:33

3.032

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека очекува дека парламентот повторно ќе ја воведе смртната казна по референдумот на 16. април за проширување на претседателските овластувања.

"Семејствата на мачениците, семејствата на нашите јунаци не треба да се грижат. Верувам, ако даде Бог, дека парламентот ќе направи што е потребно во врска со вашите барања за смртна казна по 16. април", рекол Ердоган во говорот кој го одржал во Чанаккале, на северозападот на земјата.


Со оглед на тоа дека тој мора да потпише таков нацрт закон по неговото прифаќање во парламентот, рекол дека тоа ќе го направи без размислување.

Смртната казна била укината во 2004. година, во рамките на кандидатурата на Анкара за членство во Унијата, а нејзиното повторно воведување ќе значи крај на преговорите за пристапување.


Не го интересираат критиките

"Не ме интересира што ќе речат Ханс или Џорџ", изјавил во саботата Ердоган, користејќи две имиња со кои обично се означува Европа. "Што ќе каже народот? Што ќе каже правото? Тоа ни е важно".

Турскиот претседател по неуспешниот пуч на 15. јули неколку пати рекол дека ќе го одобри повторното воведување на смртната казна, ако парламентот гласа за тоа. Дури и спомнал можен референдум по тоа прашање во февруари.


Односот на Турција и ЕУ на ниски гранки

Но, ова сепак е прв пат Ердоган да го повикува парламентот да го прифати враќањето на смртната казна по гласањето за уставните промени за проширување на претседателските овластувања на 16. април.

Врските на Турција и ЕУ нагло се влошиле последните неколку дена, по забраната на собирите за поддршка на референдумот во Германија и Холандија, на кои требало да учествуваат членови на турската влада.

Ердоган одлуката за забрана на митинзите ја споредил со нацистичка пракса и го осудил "духот на нацизмот" во Европа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг