Бабунски одново меѓу најдобрите, ја запиша и првата асистенција во Јапонија

Дерби

18/03/2017

13:03

1.686

Големина на фонт

а а а

Давид Бабунски со два гола ја започна својата авантура во Јапонија, а дека новата средина навистина позитивно влијае на неговата игра ни потврди и на дербито меѓу неговата Јокохама и Албирекс Нигата.

Според извештајот на официјалната веб-страна, Бабунски бил еден од најдобрите поединци и најраздвижен на теренот, а покрај тоа што го изиграл целиот натпревар, успеал да ја запише и првата асистнција во фудбалската лига на Јапонија.

Иако повеќе поради заслуга на својот соиграч, името на Бабунски стои запишано како додавач за фантастичниот гол кој го постигна Квентин Мартинуш, погодок кој се покажал како клучен во ремито од 1:1.




Спонозорирани линкови

Маркетинг