Иниеста посочи зошто Јувентус е најнезгодниот противник за Барса

Дерби

18/03/2017

13:02

2.028

Големина на фонт

а а а

Ждрепката која се одржа вчера напалдне во Нион ни ги донесе четирите четвтфинални дуели во Лигата на шампионите, а покрај пресметката на титаните Реал Мадрид и Баерн Минхен, посебно се издвојува и двобојот меѓу Барселона и Јувентус кој воедно ќе биде реприза на големото финале од 2015 година.

Прв кој излезе со кратка и скромна реакција беше Џиџи Буфон кој потенцираше дека не е важен противникот со кој ќе се соочите во едно четвртфинале во Лигата на шампионите, а сега одговор од противничкиот табор пристигна и од другиот капитен, Андрес Иниеста.

Искусниот играч на Барса направи мала анализа на вчерашната ждрепка, а меѓудругото посочи зошто Јувентус е најнезгодниот противник за неговиот тим.

– Како и сите италијански тимови, Јувентус има неверојатно силна одбрана. Можеби тие се издвојуваат од сите останати на ова поле. Затоа мислам дека тие се најнезгодниот тим за соочување, најтежок за пробивање. Покрај тоа, тие имаа фудбалери во својот тим кои можат да променат тек на еден меч во секој момент. Ќе имаме навистина тешка задача, но ако се прикажеме во најдоброто светло, верувам во пласман во следната рунда, – истакнал Иниеста.


Спонозорирани линкови

Маркетинг