СДСМ: Јакимовски ги задолжи граѓаните на Општина Карпош за 10,5 милиони евра

Макфакс

18/03/2017

13:00

1.240

Големина на фонт

а а а

Стевче Јакимовски и неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Општина Карпош за неверојатни 10.5 милиони евра, велат од СДСМ.

„Овој долг, по завршувањето на неговиот неславен мандат, Јакимовски ќе им го остави во наследство на следните генерации. Од официјалните извештаи на Општината и завршните сметки може да се види дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра“, изјави Душко Весовски од СДСМ.

„Непознато е каде отидоа овие пари, кога изминатата година не е изграден ниту еден објект од интерес на граѓаните. Но затоа, само за ставката „репрезентација“, Јакимовски потрошил 140 илјади евра во 2015 и 2016 година, односно по околу 20 илјади денари дневно за гозби и ручеци од џебот на граѓаните“, порачуваат од партијата.

„Иако беа планирани 300 милиони денари за улици и патишта, потрошени се само 68 милиони денари, па затоа граѓаните имаат раскопани и непроодни улици и тротоари кои служат само за паркирање на автомобилите“, додаваат од СДСМ.

„Граѓаните на парламентарните избори гласаа против корумпираните и несовесни политичари и порачаа дека сакаат одговорни власти што ќе се грижат за нивните реални проблеми и потреби. По новата реформска Влада, доаѓа нова локална власт и во општина Карпош“, велат од СДСМ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.