Клинтон подготвена да „излезе од сенката“

Макфакс

18/03/2017

12:57

1.499

Големина на фонт

а а а

Поранешната државна секретарка и поразената кандидатка на Демократската партија на американските претседателски избори ланскиот ноември, Хилари Родам Клинтон, е подготвена да „излезе од шумата“, пренесува Associated Press.

Хилари Клинтон одржа говор на вечерата на Заедницата на ирските жени во сојузната држава Пенсилванија по повод празникот на Свети Патрик. Ова е нејзиното прво појавување во јавноста по поразот на претседателските избори од 16-ти ноември 2016 година на кои важеше за апсолутен фаворит во однос на актуелниот американски претседател републиканецот Донлад Трамп.

„Тешко ми е, како и на многу мои пријатели, да ги гледаме вестите. Не верувам дека нашите политички разлики може да станат лични. Не можеме д аги игнорираме луѓето или намерно студено да се однесувам кон нив само затоа што не ги споделуваат нашите политички ставови“, рекла Клинтон.

Според неа, надминувањето на ваквите разлики не е само задача на политичарите, туку и на обичните граѓани.

„Подготвена сум да излезам од шумата и да фрлам светлина на она што навистина се зборува на вечерите, како оваа, за да можеме да собереме сили и да одиме напред“, рекла Клинтон.

Дали овие зборови претставуваат најава за нејзино враќање во политиката Клинтон не прецизирала.


Спонзорирани линкови

Маркетинг