Прва снимка од терористот во Париз: Ова е напаѓачот на аеродромот Орли!

Точка

18/03/2017

13:41

5.293

Големина на фонт

а а а

Француските медиуми објавија снимка од убиениот маж кој на аеродромот во Париз му го одземал пиштолот на еден од војниците, а претходно повредил полицаец.

Неименуваниот маж бил убиен во истрелите кои следеле по неговиот обид за кражба на оружјето на војник на аеродромот, од страна на безбедносните служби.


Човекот кој беше убиен на аеродромот претходно повредил полицаец во Париз, а станува збор за радикализиран муслиман, претходно познат на полицијата - изјавил еден полициски извор, а пренесуваат Reuters.



Тој потврдил дека утринава околу седум часот за време на рутинската проверка на сообраќајот, човекот пукал во полицијата, а потоа побегнал.

"Тој истиот човек - радикализиран муслиман, познат на разузнавачките служби и судството - потоа го земал и оружјето од војник на јужниот терминал на аеродромот Орли пред да го убијат", изјавува изворот.

Околу 3.000 луѓе се евакуирани од аеродромот по објавите дека постои опасност.




Спонозорирани линкови

Маркетинг