Мурињо со сериозни оптужби за скандал во Премиер лигата: Знам кои играчи го наместија Каранка да заработи отказ!

Дерби

18/03/2017

12:27

2139

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо е познат по тоа што постојано го кажува тоа што го мисли на бескомпромисен начиин, без разлика дали станува збор за тема поврзана за неговиот тим, или за некој кој е близок до него и кој му значи нешто во кариерата.

Аитор Каранка пред два дена заработи неочекуван отказ од Мидлзброу, а бидејќи шпанскиот стручњак му беше десна рака на Мурињо за време на неговата етапа во Реал Мадрид, Португалецот едноставно не можеше да не ја прокоментира оваа одлука на првите луѓе на клубот од „Риверсајд“.

Манчестер Јунајтед утре за противник ќе го има токму тимот на Мидлзброу, а пред истиот Мурињо излезе со сериозни оптужби за скандал во Премиер лигата. Менаџерот на Манчестер Јунајтед истакна дека дел од играчите на Мидлзброу не играле како што треба и го наместиле Каранка да заработи отказ, а во случајот е толку сигурен што истакна дека дури знае и за кои точно фудбалери станува збор.

– Во првата година тој го спаси тимот од испаѓање во трета лига. Во втората година им обезбеди учество на „Вембли“ и за малку не влезе во Премиер лигата. Во третата година директно го пласираше тимот во елитното друштво. Четвртата сезона заслужи да добие отказ, – иронично порачал Мурињо, додавајќи дека играчите го изиграле и го наместиле за отказот од пред два дена.

– Во овој случај сум сигурен дека играчите го наместија. Дури ги знам и имињата на фудбалерите, – истакнал Мурињо кој сепак не сакал да именува во јавноста и да се стави во неповолна позиција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг