Клоп посочи кој игра најубаво во Премиер лигата: Само еден тим игра вистински фудбал, а тоа не е Челси!

Дерби

18/03/2017

12:26

2293

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп се покажа како навистина добар специјалист за подготвување на тимот на дерби натпревари во Премиер лигата, но ако некаде потфрли германскиот стручњак оваа сезона, тоа се помалите натпревари на кои тимот од „Енфилд Роуд“ продаде многу бодови.

Ливерпул сега е далеку од борба за титулата во Премиер лигата и главна цел е да обезбеди пласман во Лигата на шампионите со фаќање на една од топ четири позициите, а следната пречка за Клоп во ваквиот поход ќе биде нов дерби дуел, оној на „Итихад“ против Манчестер Сити.

Големото дерби е закажано за утре од 17:30 часот, а пред истото Клоп излезе со големи пофалби за фудбалот кој го негува противникот. Германскиот стручњак го стави Челси настрана и покрај тоа што е сигурен лидер на табелата, потенцирајќи дека единствен тим кој игра вистински фудбал во Премиер лигата е Манчестер Сити.

– Ние се чувствуваме навистина добро во дерби дуелите, но за мене Сити е најтешкиот тим против кој можете да играте во Премиер лигата. Тие го играат најубавиот фудбал, а не Челси. Тоа е вистинскиот фудбал, едноставно претешко е да се браните против нив. Ако сте пасивен против Сити, тогаш немате никаква шанса да барате нешто на таа пресметка, – истакнал Клоп.


Спонозорирани линкови

Маркетинг